Интересно истражување откри дека најсреќните луѓе имаат нешто заедничко – тие се облекуваат слично. Нив ќе ги препознаете по едноставен стил на облекување, бидејќи луѓето што се посреќни, и поедноставно се облекуваат.
Овој неочекуван заклучок произлезе од годишното истражување на ООН за нивото на среќа во животот на луѓето.
Истражувањето за глобалната среќа се спроведува од 2011 година, користејќи технологија што ја следи благосостојбата на луѓето во различни земји, но исто така се заснова на субјективната проценка на граѓаните за колку им е добар животот.
Во првите десет најсреќни земји, горе-долу секоја година, има исти земји, само по малку променет редослед, а оние што спаѓаат таму се: Норвешка, Финска, Данска, Холандија, Исланд, Швајцарија, Канада, Шведска, Нов Зеланд и Австралија.

Она што е исто така заедничко за сите овие земји е едноставноста во начинот на живот, а особено во начинот на облекување.
За споредба, земјите каде облеката и модата се многу, многу важни не се на високи позиции во најсреќните земји – примери се Франција, Шпанија и Италија, каде луѓето постојано изгледаат како да се дојдени од модната писта.
Од друга страна, ако ја погледнете Скандинавија и луѓето од првите десет најсреќни земји воопшто, ќе сфатите дека заедничко за нив е што никој не е оптоварен со облека и сите се облечени многу едноставно, и нема инсистирање луѓето да бидат премногу средени, жените да се со шминка и слично …
