Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Насловната на Vogue претворена во сликарско платно во руското септемвриско издание

Кориците на септемвриското издание на американскиот Vogue се одбележани со дела на реномираните уметници Кери Џејмс Маршал и Џордан Кастел.

Во 2020 година, година во која сè е малку атипично, дури и славниот Vogue се одлучи за невообичаени решенија. Тие им ги поклонија кориците на нивното септемвриско, ударно издание на делата на воспоставените американски уметници, Кери Џејмс Маршал и Џордан Кастел.

Дуото ја искористи насловната страница на Vogue како платно за сликање, а интересно е што ова не е првпат насловните страни на најпопуларното светско модно списание да им бидат оставени на сликарите.

Салвадор Дали, Џорџо де Чирико, Мари Лоренсин и Џон Курин се уметници чии дела веќе ги имаме видено на ова место.

Но, кориците на годинашното септемвриско издание се специфични по тоа што на Кери Џејмс и Џордан им е дадена апсолутна слобода да одлучат кој ќе биде на нивните дела.

Џордан Кастел избра вистинска личност, модната дизајнерка Аурора Џејмс, додека Кери Џејмс се одлучи за измислена жена облечена во бел вечерен фустан.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement