Со летните нараквици без оглед на големината, секогаш делуваат многу ефектни. Независно дали се широки, тенки, украсни или пластични…тие даваат оригинален печат на целокупниот изглед. Така и оваа сезона во многу колекции накити во прв план се баш нараквиците со различен облик и големина.
Модерни се тенките наракциви или украсените со светли камчиња кои се носат во низ. Нешто пошироки модели со разнобојни каменчиња се убави со атрактивен летен фустан. Во ова време од годината се носат и пластични нараквици со светли бои кои одлично стојат со модната комбинација на плажа. Во тренд е и комбинирање на различни модели, па така во низ се носат кожни, пластични, плетени и метални нараквици.

You must be logged in to post a comment Login