Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Највисок симбол за луксуз, никогаш не излегло од мода, и никогаш нема да излезе: Легендарното сако од твид на Шанел!

Легендарниот Карл Лагерфелд беше запаметен по многу интересни изјави што се уште се раскажуваат денес.

Една од нив ќе важи засекогаш:

„Постојат парчиња облека што никогаш не излегуваат од мода: фармерки, бела кошула и сакото од твид на Шанел“.

Навистина, класичното сако од твид на Шанел се најде високо на листата на желби на модната елита – од принцезата Дајана до Бриџит Бардо и Кејт Мос. Затоа, може да ви биде изненадување ако кажеме дека ова парче облека првично било инспирирано од дизајнот на машката облека.

Всушност, Коко Шанел беше инспирирана од машките јакни за риболов и лов, кои ги носеше војводата од Вестминстер, и со кого беше во емотивна врска во дваесеттите години. Во 1954 година, таа дизајнираше твид сако за жени, сакајќи да ги зајакне во борбата за еднаквост и да им помогне да се чувствуваат помоќни. Во филмот посветен на Коко Шанел, кој беше емитуван во 2013 година, има цитат во кој таа вели:

“Најтешкиот дел од мојата работа е да им дозволам на жените да се движат удобно, како да не се во костум. Да се одржи ставот и манирите без оглед каков фустан носат, а човечкото тело е секогаш во движење”.

Но, таа успеа! Во сако направено од грубо шкотско платно, дамите можеа да се движат лесно, бидејќи овој модел ја следи линијата на телото, а ракавите се значително пократки од вообичаеното. Имавме можност да го видиме безброј пати на црвениот тепих, потоа во ТВ-емисиите, патувањата на кралските семејства и во нивните службени посети.

Тоа исто така беше неопходен дел од колекцијата „Шанел“, со Карл Лагерфелд како креатор дури 36 години.

Интересно е да се напомене дека побарувачката за ова сако скокна нагло, за дури 74 проценти, откако Тејлор Свифт се појави на насловната страница на јануарскиот број на магазинот Вог во него, оваа година. За таа пригода, таа носеше сако од Шанел од колекцијата од 2005 година.

Главниот и одговорен уредник Едвард Енинфул очајно сакаше пејачката да го носи ова безвременско парче, а во таа пригода кратко изјави:

„Станува збор за највисокиот симбол на луксузот, тоа никогаш не излегло од мода, и никогаш нема.“

Еве неколку фотографии од дамите кои носеле, и уште го носат ова парче облека, а кои ги потврдуваат зборовите на легендарниот Лагерфелд.

Жана Моро

Роми Шнајдер

Дајана, принцеза од Велс

Клаудија Шифер

Кејт Мидлтон

Ријана, Кендал ЏенерАмал Клуни

View this post on Instagram

Pick a Chanel suit: 1, 2, or 3?

A post shared by @ glamfendi on

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement