Недела во која нам ни недостасува женственост…
Фантастични дизајни, модерни и лесни комбинации и многу шарени тонови, овие седум дена ѕвездите ни дадоа инспирација за топлите денови.
![]()
Од капите и тесните фармерки, преку комбинација на само една боја да се облекуваат секси, ни Ви претставуваме уште една недела за најдобро облечена дама од шоу-бизнисот. Некои од имињата се веќе стилски ветерани, додека некои од овие имиња прв пат се наоѓаат на листата за најдобро облечени дами за оваа недела.
![]()
На премиерата на филмот ,,Скај”, никој не можеше, а да не забележи, не само затоа што преубавата германка секогаш сјае, туку и поради нејзиниот фустан Boss, кој мами многу погледи.
Секогаш храбра во својот модерен стил, оваа трендсетерка , оваа трендсетерка ја исткна својата фигура на страстен начин, комбинација розев фустан со едноставни металик сандали. Тоа е совршена комбинација за топлите денови, кога сакаме да покажеме повеќе кожа, да бидеме посексипилни, елегантни и грациозни.
![]()
Кога се двоумите одберете го Valentino. Продолжуваме да пловиме по актерските води. Naomi Watts на себе имаше преубав фустан од колекцијата нa Valentino, во необична сино-сива нијанса со прекрасни украси.Во комбинација со добри Rockstud салонки и прашесто розева мала чанта, овој пролетен изглед е вистински хит, а неутралната шминка исто така е вистински хит.
![]()
Фустан или уметничко дело? Никол Кидман ја краси грациозноста која некогаш беше главна одлика само на членовите на кралските семејства. Во прилог на нејзиниот важен и храбар стил, често добиваме креации кои само таа знае да ги изнесе во вистинско светло.
Овој пат таа избра една од креациите на модната куќа McQueen, која изгледа како уметничко дело, а дискретниот накит и шминка само ја истакнаа нејзината убавина.
![]()
Младата модна икона во создавањето, Zendaya, нас не воодушеви со својот моден избор.
На доделувањето на наградите GLAAD медиа, таа ја доби наградата токму за игледот од 20-тите години, кој ги прилагоди со својот младешки изглед и модернизирана со минималистички сандали. Сепак, добрата фризура и шминка се најдобра придружба на една од многуте модни децении.
![]()
На забавата на која се промовираше книгата “Naomi”, која ја организираше Marc Jacobs и Benedikt Taschen, ѕвездата на оваа вечер,Naomi Campbell, го одбра прекрасниот фустан во виолетова боја, кој е креација на Jacobs. После три децении во светот на моделиерството, Naomi и понатаму продолжува да фасцинира со својот заводнички и моден избор и храбриот начин на шминка.
![]()
Gigi Hadid продолжува да ужива успеси не само на насловните страни на модните списанија, туку и на нејзинот случаен, лежерен стил, идеален за деновите во кои таа е слободна и без никаков ангажман, сака да се опушти н авистина да изгледа шик.
Нежните тонови, балетанките со дизајн на леопард, и неочекувано од неа е кожната капакоја таа ја има на себе во оваа комбинација, дава младешки изглед и доза на релаксација. а со малку шминка и разлетана коса изгледа како да излегла од модна писта.
![]()
Уште еден супер модел се најде на нашата листа за најдобро облечени жени за оваа недела. Lily Aldridge е сликана во Њујорк, облечена целата во црно, а нас ни се допадна тоа што таа си оигра со материјалите и ја направи оваа комбинација да оживе.
Ѓерданот Choker, и миленикот на супермоделот, чизмите Isabel Marant од превртена кожа, го комплетираат овој изглед, во комбинирањето на кожни панталони и џемпер.

You must be logged in to post a comment Login