Ким Џонс стана една од најмоќните луѓе во светот на модата – останува на позицијата што моментално ја извршува, тој е креативен директор на машки колекции во Диор, и отсега ќе раководи и со женски колекции за Фенди.
Ким Џонс е вистинска реткост во светот на модниот бизнис затоа што сега е на две моќни водечки позиции – самите имиња Диор и Фенди зборуваат за честа што ја доби. Нешто слично направи и Карл Лагерфелд, кога креативно ги водеше Фенди и Шанел истовремено.
Ким Џонс е мајстор за машка облека, ги ревитализира колекциите на Диор и носи современо освежување и соработка со разни уметници.
Ќе биде интересно да се види како тој управува – Џонс не работел на женски колекции од 2004 година. Претходно работел за Луј Витон и Данхил.
Овој дизајнер високо го цени доброто кроење, модниот дизајн со класичен знак и бои и нивната разновидност.
А, Фенди е прекрасен бренд, полн со креативност и финост, каде Џонс сега ќе работи со сопственичката Силвија Вентурини Фенди.
