Вечерните фустани отсекогаш биле синоним за ноќни излегувања, додека нивниот луксузен дизајн е претставен во форма на светки и скапоцени камења кои ги истакнуваат сатенските и кадифените ткаенини.
Новата Miu Miu Nuit колекција ужива токму во тоа – слави мали фустани за забава. Снимени на позната позадина (фенси бар или елитен клуб напуштени непосредно пред почетокот на забавата), Мерт Алас и Маркус Пиго создаваат сцена со блиска референца на фотографија од папараци или слика направена при слаба осветленост на место како Студио 54. Интензивно острата светлина ги доловува блескавите детали на фустаните, дозволувајќи му на сјајот да дојде до израз.
Ѕвездите на кампањата се млади холивудски естрадни личности во подем. Евер Андерсон, Сиера Браво и Кики Лејн веќе имаат голем број на импресивни улоги. Андерсон неодамна ја играше улогата на младата Наташа Романов во филмот „Black Widow“, а таа беше избрана за главната улога во претстојниот филм на Дизни „Peter & Wendy“.
По годините минати на малите екрани, Сиера Браво воодушеви многумина со својата изведба во филмот „Cherry“. Што се однесува до Лејн, од кога дебитирала во филм кој е номиниран за Златен глобус, „If Beale Street Could Talk“, таа доби улоги во серијата на Нетфликс „The Old Guard“, како и во филмот „Coming To America 2“.


