Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Marc Newson креираше колекција куфери во соработка со Ferrari

Marc Newson на светот му ги подари интересните Louis Vuitton ковчези и куфери, а овој пат, ни претставува нешто што може да биде уште поинтересно…

Познатиот индустриски дизајнер одлучи во нас да побуди уште посилна носталгија на тема патувања и годишни одмори, креирајќи ја колекцијата багаж во соработка со брендот Ferrari. Инаку ова не е прв пат овие две имиња да соработуваат-славниот дизајнер работеше со Ferrari на креирањето на ултимативниот омаж на познатата компанија-книга која чини 6.000 долари.

Овој пат тој, заедно со Ferrari креираше уникатен проект кој вклучува стилски комплет за патување инспириран од италијанските спортски автомобили.  Колекцијата нуди голем избор кога се работи за димензиите, па нуди куфер со тркалца, патна торба, торба за одело, куфер и работна торба.

Купувачите можат да го нарачаат својот комплет куфери во една од петте нијанси на класичниот Ferrari ентериер, заедно со специјални додатни акценти во бордо боја која е ексклузивно развиена за оваа колекција. Newson-овото влијание можеме да го видиме во бројните детали на оваа колекција, бидејќи славниот дизајнер ја користел архивата на Ferrari како своја инспирација, кога се работи за текстурата, мотивите и боите.

Колекцијата ќе биде достапна за купување ексклузивно на купувачите на Ferrari, низ програм за персонализација. Секое парче багаж на себе ќе носи единствен број на шасија на нивен автомобил.

Прочитај

Wall Street

Британската влада доцна во четвртокот објави дека ќе воведе задолжителнен карантин за повратниците од Франција во сабота од 3 часот по полноќ, на британските...

Route 66

Со децении, Mercedes како концепт за луксузен автомобил е особено популарен во Америка, каде што го сакаат многу спортисти. Меѓу нив е и Мајкл...

Four Seasons

Viceroy Bali е луксузно одморалиште со триесет вили, што особено ќе ги израдува љубителите на ексклузивност, елеганција и егзотичност… Оваа област, која некогаш била...

Green Tea

Фантастичната линија на Џенифер Лопез е резултат на редовно секојдневно вежбање, но и добра исхрана. Латиноамериканската дива веќе откри дека секогаш се грижи за...