Сартријалниот стил е повторно во центарот на вниманието, бидејќи Giorgio Armani Made to Measure штотуку ја претстави својата пролет / летo кампања…
Италијанскиот моден бренд го ангажираше Чарлс Леклерк како лице на својата нова кампања. Возачот на трки отпатува за Сен Тропе за ова фотографирање, каде позираше во елегантни костуми пред леќата на Џон Балсом.
Говорејќи за изборот на Леклерк за ѕвезда на неговата последна кампања, Армани рече: “Чарлс е ѕвезда во подем. Тој постигна завиден успех и покрај тоа што е млад, и тоа е дефинитивно индикатор за неговата волја и решеност, како и за неговиот очигледен, вроден талент”.
“Тој е млад и има енергично физичко присуство, што дополнително го потенцира мојата колекција Made to Measure. Костумот Made to Measure е безвременски, како што докажуваат овие фотографии”, додаде дизајнерот.


