Брендот Louis Vuitton е стручен за креирање на луксузни повторувања на сосема обични производи…
Некогаш, нив ги поврзувавме исклучиво со чантите Speedy, Alma i Neverful, но во денешно време тоа секако не е случај. Louis Vuitton брендот успеа да се вовлече во секој дел од нашиот живот, креирајќи складишни единици за нашите патики, куќна декорација, мебел, и многу друго. Овој пат, претставија рачни тегови, кои се сосема друга приказна во однос на регуларните модели кои можете да ги видите во теретаните ширум светот.

Како и своите претходници, теговите со Louis Vuitton потписот се скапоцени и тешки, особено за вашите џебови. Тие имаат неверојатна волшебна привлечност, а можат да бидат идеален поклон за личност во вашиот живот која вежбањето и фитнесот ги става пред се. Дури можеме и да кажеме дека фразата “вежбање со стил” добива сосема нова димензија на значењето кога нејзин дел се овие тегови.

Секој од брендираните тегови е направен од метал, а финиширани се со интригантното монограм Eclipse платно и гравури. Нивната тежина изнесува три килограми, додека цената им е нешто потешка и изнесува 2.650 долари.

