Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Louis Vuitton ја претставува новата кампања посветена на чантата Lv Pont 9

Louis Vuitton ја претставува новата кампања посветена на ажурираната верзија на чантата LV Pont 9.

Одлучувајќи се за тркалезна силуета која доаѓа со голем текстилен ремен, најновата верзија на чантата за новата сезона е трендовски дизајн кој ќе ве маѓепса и ќе биде ваш сојузник на многу патувања.

Во рекламната кампања, новиот модел на чантата LV Pont 9 Soft Bag ja претставуваат Џејд Нујан, Џенет Џамбо и Кристин Линдсет, на патување во Париз.

LV Pont 9 Soft е достапна во различни бои, вклучувајќи сина, сива, црна и златна. Со цена која се движи помеѓу 3.850 и 4.100 долари, новиот дизајн има и додаток – копче со златен монограм на брендот.

Покрај рекламната кампања, трите модели се појавуваат и во краткиот филм снимен со мелодијата „Take Me“ од Сероне од 1977 година. Облечени во најдобрите парчиња облека на луксузна модна куќа, манекенките изгледаат софистицирано и шик додека ги покажуваат модерните чанти LV Pont.

„Отелотворувајќи го парискиот шик, LV Pont 9 е совршен пример за посветеноста на Louis Vuitton за одлична изработка. Со безвременски, но модерен стил, двобојниот извезен појас на новата верзија го нагласува култниот мотив на монограмот на модната куќа“, вели Луј Витон.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement