Vivienne, симболот на куќата на Louis Vuitton, лик составен од логото на познатата француска куќа, е заштитно лице на уште една божиќна колекција и најавува нови мотиви за авантурата на оваа симпатична икона.
Еден од првите брендови што го објави своето божиќно модно издание е француската куќа Луј Витон.
Тоа е нова колекција Вивиен во знак на нивниот симпатичен карактер која ги краси препознатливите чанти и внесува креативност во класичниот дизајн.
Оваа година, наместо во разни градови, од претходните божиќни колекции, Вивиен се најде во забавни паркови.
Оваа ограничена колекција чанти наскоро ќе пристигне на мрежната адреса на Луј Витон.
