Разубавете го вашето лето со новите модели на Louis Vuitton…
LV Trainer, патики кои дебитираа за време на модната ревија пролет/лето 2019 создадена под креативно водство на Виргил Абло, добија освежување наменето за летната сезона. Сега, тие доаѓаат во три повторувања, создадени од превртена кожа и тексас.
Инспирирани од винтиџ кошаркарски чевли, новите модели добија технички гумен ѓон со инјектиран гел, а исто така беа украсени со цвеќиња од монограм. Кога станува збор за боите, се истакнува бургундски пар украсен со сончеви портокалови тонови, со нео-розов стил, покриени целосно со „штрас“ розова боја (имитација на скапоцен камен).
Ако барате некои посуптилни опции, достапни се целосно бели или металик сребрени верзии. Покрај патиките, познатата модна куќа лансираше и пар сандали, кои доаѓаат во слични неонски нијанси. Откријте ги во галеријата.









