Францускиот луксузен бренд Louis Vuitton ја претставува чантата Dauphine во новата кампања фотографирана од Стивен Мејсел.
Главните улоги ги толкуваат моделите Лиа Кебеда и Ребека Леи Лонгендијк, кои позираат во студиото. Поставена во студио на сива позадина, чантата дизајнирана од Николас Гескијер се издвојува со својот елегантен дизајн. Dauphine вклучува кожен ремен, ланец, златно копче и монограм принт.
За стилизирање на моделот била задолжена Мари-Амели Сове, која ја стилизирала новата чанта на брендот со облека во неутрални нијанси. Гвидо Палау е одговорен за совршените фризури, додека беспрекорната шминка ја креирала Пет Мекрат.
Покрај визуелите на рекламната кампања, беше претставен и краток филм со Леа и Ребека во главните улоги.
„Шик и бесконечно разноврсна, Dauphine зрачи со безвременски стил, додека во исто време ја претставува способноста на модната куќа да го прилагоди своето наследство на модерниот начин на живот. Од своето деби во комбинација на „Monogram и Monogram Reverse“ платно, Dauphine постојано инспирираше нови толкувања во различни материјали, бои, големини и форми, секогаш задржувајќи го својот елегантен дух и префинета привлечност.“ – сподели брендот Louis Vuitton за новата рекламна кампања.

