Меѓународниот филмски фестивал беше отворен синоќа во еден од најубавите градови во светот, собирајќи ги едни од најголемите филмски имиња, а дамите успеаја да ги користат заштитните маски како аксесоар и величествен додаток на нивното модно издание.
Познато е дека Венеција има многу прекари – Невестата на морето, Кралицата на Јадранот, Ла Серенисима, Градот на мостови, а еден од нив е и Градот на маските, што несомнено е случај на овогодинешното издание на познатата Мостра!
Пандемијата на вирусот корона донесе нови правила на однесување и мерки на претпазливост на црвениот тепих, така што некои од гостите, како Кејт Бланшет, Тилда Свинтон и Роберта Армани, носеа заштитни маски, а видовме и различни видови: од класични хируршки до гламурозни парчиња украсени со накит.
Сепак, како и секогаш кога станува збор за фестивалот во Венеција, и оваа година, филмовите и стилот се во преден план! Што можевме да видиме на црвениот тепих на првата вечер на фестивалот, погледнете во галеријата. Без разлика дали ви се допаѓаат сите фустани или не, на дамите мора да им се признае една работа – тие дадоа се од себе и очигледно е дека и на ним и фалеше црвениот тепих!













