Ова е нејзината импресивна колекција!
Ако не сте запознаени, ние сме тука да ви го привлечеме вниманието: за Англичаните шеширите имаат иста важност како и славниот чај во пет.
Начинот на облекување во повисоките кругови во Кралството Велика Британија отсекогаш подразбираше потрадиционален изглед, поточно, ги влече корените од начинот на кој се облекуваше аристократијата пред неколку века.
Еден од најважните детали за тоа традиционално наследство секако е поврзан со најважниот додаток во целосниот стајлинг, а тоа е шеширот. Како по правило, членовите на кралското семејство носат шешири во сите празнични пригоди, а женските шешири секогаш се украсени на посебен начин – со многу впечатливи и нагласени детали, претежно во форма на цветни аранжмани и пердуви.
Имајќи предвид дека кралицата на Велика Британија и Северна Ирска има 94 години, и дека е на престолот повеќе од половина век, нејзината колекција на шешири се состои од импресивни примероци и има сигурно над илјада од нив.
„Кралицата Елизабета сигурно има огромен број шешири во нејзината колекција, но не знаеме колку точно. Она што го знаеме е дека за само една година, за кралицата се изработуваат околу 40 или 50 шешири, но дека таа избира да ги носи наизменично. Всушност, може да потрае неколку години пред Нејзиното Височество да одлучи да ја повтори облеката, а тоа го вклучува и шеширот, но факт е дека еден шешир сигурно го носи десетина пати“, откри шеширџијата на кралицата, Филип Сомервил.
Погледнете ја нашата галерија и видете какви импресивни примероци од овој моден детаљ има кралицата Елизабета.




















