Како манекенка дебитираше во 2016та година, позирајќи се за Teen Vogue, а потоа се приклучи на агенцијата за модели IMG и започна да соработува со брендовите Burberry, Lacoste, Calvin Klein и Miu Miu.

Ова е нејзино прво искуство со култниот италијански бренд, за кој ги рекламира новите Peekaboo ташни. Фотографиите се придружени со видео снимка, а 19-годишната Ирис зборува за своето детство, љубовта кон модата и желбата да биде креативна самата. Ако некогаш има потреба од професионален совет поврзан со модата, може да се обрати кон жена која знае сè за тоа: имено, најдобрата пријателка на нејзината мајка Сади Фрост е познатата манекенка Кејт Мос.


