Од Адел до Џеј Ло, sвездите деновиве бараат природен изглед и со своите „без шминка“ фотографии докажуваат дека се најубави без трошка шминка на лицето. Сепак, тоа не е баш точно.
– Фактот дека не постои видлива шминка не значи дека воопшто не постои, затоа што има некои трикови зад природниот изглед – открила шминкерката Лиза Слоним во едно интервју. Таа посочила дека стилот „nomakeup“ обично вклучува малку руменило или сјај на вистинските места.
На пример, Џенифер Лопез не се срами да им посака добро утро на своите следбеници на Инстаграм во 7 часот со фотографија во бањарка – без шминка, но и без темни кругови, совршен тен. Џеј Ло редовно користи затемнети креми со заштитен фактор, а исто така се подложува на бројни дерматолошки третмани за подмладување, како што се хемиски пилинзи.
Ријана неодамна ја откри својата рутина за нега на кожата и шминка во видео, и истакна дека никогаш нè заборава да стави мал бронзен сјај на лицето, што му дава на лицето мистериозен и егзотичен изглед.
Водителката Маја Џама често поставува фотографии без или со минимум шминка, а Лиза Слоним открива како таа постигнува зрачен тен како нејзините.
– Изберете торнирана хидратанска крема кој ќе ви овозможи сјај на кожата. Нанесете го во мала количина и масирајте ја кожата на лицето со рацете. Користете коректор за да ги покриете недостатоците, а бронзерот и руменилото да одржите сјај. Допирот на вазелин на јаготките на вашето лице, исто така, дава прекрасен природен сјај – изјави Слоним.
