Jimmy Choo дефинитивно нѐ изненади со својата нова соработка.
Луксузната марка се здружи со Тимберленд за да создадат колекција што „го комбинира гламурот на црвениот тепих со теренската функционалност“. Иконичните жолти чизми од Тимберленд служеа како основа на capsule колекцијата и им беше дадено луксузно преобразување со додавање на светки и кристали Сваровски.
„Работата со бренд како Тимберленд му дава на Jimmy Choo можност да истражи нови патишта и да учествува во создавање на сосема поинаков наратив“, рече креативната директорка на брендот, Сандра Чои. „Обожавам да работам со различни креативни умови и да ја комбинирам нашата ДНК за да создадеме прекрасни и неверојатни производи, со неочекувани врски со нашите корени. Надворешното наследство на Тимберленд, во комбинација со нашиот сензибилитет од областа на високата мода, создава нешто навистина возбудливо и невообичаено “, додава таа.
Актерот Кол Спраус продолжува да нè радува со својата улога на моден фотограф, соработувајќи со брендот Jimmy Choo на нивните најнови потфати. Тој ги фотографираше моделите Еван Мок и Кристен Ноел Кроули во пустината во Јужна Калифорнија, бидејќи тој пејзаж ја рефлектира природата на чизмите во Тимберленд, додека употребата на огледала совршено го истакнува допирот на гламурот.











