Вклучувајќи фустани од соништа, блејзери и разни модни додатоци…
Ако има еден бренд што е вистински синоним за летото, тогаш тоа е Jacquemus. Преку сонливата магија на дизајни инспирирани од југот на Франција, Симон Порт Жacакемус стана еден од највозбудливите дизајнери чија работа со задоволство ја следиме, и токму сега, тој лансираше нова, ексклузивна капсула колекција, како еден вид добредојде за ова лето!
Новата колекција од тринаесет парчиња вклучува парчиња во светли бои, како што се Fuschia и Orange, и вклучува коктел фустани, блејзери, шорцеви, блузи и чанти. Секако, познатата чанта Le Chiquito се нуди во совршени летни нијанси, како и пар високи потпетици од врвка, кои може да се носат и преку ден и навечер.
Можете да ја видите целата колекција во галеријата, и да знаете дека таа е веќе достапна за купување.





