Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Instagram trend: Цветен принт „како од цртан филм“

Приближувањето на пролетта се чувствува сè повеќе и повеќе – не само на календарот, туку и во душата.

Во новата сезона, Инстаграм инфлуенсерите и sвездите на уличниот стил топло препорачуваат да обрнете внимание на нетривијалниот цветен принт: „цртан филм“, како да доаѓа од рамката на цртаните филмови за принцезите.

На овој моден манифест веќе се приклучија фешнистките Емили Синдли, Бланка Миро, Пернил Розенкилд и Каролин Дал, како и пејачката Дуа Липа. Ретките сончеви зимски денови девојките ги поддржуваат со соодветна облека со овој цветен принт: украсуваат панталони и мокасини, свилени блузи и здолништа, кардигани и јакни, фустани и чанти.

На девојките им се препорачува да ја надополнат таквата слатка, детски наивна облека со соодветни додатоци: без разлика дали станува збор за златен прстен, како Бланка Миро, или екстремно популарни масивни чизми што го освоија модниот свет на есен. Ако вашата типична пролетна гардероба е исполнета со основни нијанси, но сепак сакате да и додадете светли бои, ваков цветен принт како од „цртан филм“ ќе ви се најде.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement