Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Hermes тукушто лансираше три нијанси на кармин кои мора да ги имате оваа есен

Зошто да не додадете нов кармин во вашата колекција?

Како што температурата постепено опаѓа, irridescent сјаеви и кармини во нијанси на корали и розова им отстапуваат место на нивните есенски „колеги“. Меѓу нив има три нови нијанси што Хермес штотуку ги лансираше.

Нови додатоци во колекцијата Руж Хермес се три кармини во ограничено издание во розови нијанси – два со сатенски и еден со мат финиш. Според соопштението за печатот од брендот, инспирација за овие нови кармини се легендарните уметници Чарлс Шилер, Џон Регистер, Ардуино Кантафора и Жан Хелион.

Новата нијанса на Роуз Омбре (сатен) е опишана на веб-страницата на куќата како „ружино дрво, тајно задоволство, дискретно и нежно“. Роуз Помет (сатен) е „лесна, весела и живописна розова, како дива роза на силна сончева светлина“. Конечно, Роуз Нуит (мат) е „кадифено розова, длабока и нежна со суптилни сини нијанси под sвезденото небо“.

Секој кармин чини 72 долари и е достапен на Hermes.com. Трите кармини се дел од колекцијата од 14 сатенски и 10 мат нијанси кои веќе се достапни во истото пакување што може да се полнат и се еколошки.

„Тие се направени за да траат, фаворизираат употреба на скапоцени материјали како метал, при што употребата на пластика е ограничена на клучни елементи, како што е механизам што може да се замени“, рече брендот за време на првото лансирање на почетокот на оваа година.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement