Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Gucci лансира нови кармини инспирирани од Златното доба на Холивуд

Инспириран од холивудските ѕвезди од Златното доба.

Откако минатиот месец ја проширија својата летна палета на лакови и бронзери, Gucci Beauty сега воведува три нови нијанси во својата линија за кармини Rouge a Levres Satin. Најновите бои ги создаде самиот Алесандро Микеле, со инспирација што потекнува од холивудските ѕвезди на Златното доба.

Познат по својата кремаста, но лесна форма и со долготраен финиш, Rouge a Levres Satin ќе ги остави усните мазни и нежни. Новите портокалови, црвени и розови тонови на кармини, наречени The Girl From Paris, No More Orchids и Maggie Scarlet, се фокусирани на изразување сензуалност.

„Размислував за кармините што ги видов за време на мојот живот, кога бев мал, како карминот на мајка ми, кој отсекогаш бил инспириран од педесеттите години. Сакав да му дадам моќно значење, кое го имаа холивудските диви, заедно со митологијата на киното, што за прв пат ги стави усните во центарот на вниманието“, рече Микеле.

Производите добија златна основа и сосема нов сино-зелен патент.

Кармините на „Gucci Beauty“ веќе се достапни на веб-страницата на брендот, а секој од нив чини 42 долари.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement