Опфаќа сè, од пердувести јакни до кобрендирани чизми, шатори и вреќи за спиење…
Следејќи го првичниот тизер претставена пред неколку месеци, Gucci конечно ја претстави својата долгоочекувана соработка со брендот The North Face. Нивната последна палета опфаќа сè, од парчиња и обувки што се подготвени за носење, до опрема што мора да ја имаат за планинари, како што се шатори и вреќи за спиење, со неизбежен потпис и естетика на Gucci.
Инспириран од идеи за истражување и самооткривање, Gucci користел дизајни за TNG од 70-тите години на минатиот век, комбинирајќи ги сопствените препознатливи креации со техничките структури на парчињата The North Face. Одликувајќи се со задебелени парчиња, како што се јакни со густи подебели пердуви и бомбер модели во цветни повторувања и монограмски модел, маици со логоа, дуксери и многу повеќе, овој асортиман е дефинитивно забавен.
Покрај кобрендираните парчиња, во кампањата може да се видат и пар чизми за пешачење, а ги има во кафеава, црна и кремаста боја. Со ѓон Goodyear и дебели врвки, класичните чизми се завршени со логото TNF x Gucci. Багажот е исто така дел од оваа колекција и е создаден од материјал за рециклирање ECONYL, во осум нови графики. Исто така, има чанта Gucci Jackie.
Во галеријата и видеото, можете да ја видите целата колекција, додека сите парчиња се веќе достапни за купување.