Принцезата од Монако вчера ќе наполнеше 91 година, па по тој повод се присеќаме на нејзините прекрасни стилски моменти, бидејќи накитот беше дел од стилот на принцезата која стана и остана модна икона.
Американската актерка Грејс Кели се прослави во филмовите на Алфред Хичкок, но во брак со принцот Рение III од Монако, нејзината приказна за стилот и елеганцијата продолжи.

Денес, Грејс е сè уште една од врвните икони на женственоста, избирајќи раскошни фустани и украсувајќи ги со бисери и луксузен накит.

Бисерите беа меѓу омилените украси на познатата актерка и принцеза, а таа ги избра во форма на поголеми обетки, нараквици и фини ѓердани.

Таа носеше и повеќе ѓердани, украсени со дијаманти, како и големи обесени обетки.
Тијарите беа дел од редовната комбинација за кралски протоколи.

Тенок бисерен ѓердан, близу до вратот, беше еден од нејзините омилени детали.

Грејс Кели украсуваше пастелни фустани со мали, дијамантски обетки.

Меѓу нејзините познати парчиња накит имаше раскошни ѓердани во повеќе редови, кои ги комбинираше со фустани со отворен врат.

