Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Givenchy колекција за Pre-Fall 2021

Новоангажираниот креативен директор ни сервираше statement look за сезоната pre-fall 2021…

По неговото деби во форма на колекција пролет/лето 2021 година, Метју Вилијамс сега ја лансираше својата прва пред-колекција за Givenchy. Овој нов асортиман ни понуди модни парчиња облека и обувки, кои совршено ја следат естетиката на овој моден генијалец.

„На крајот на краиштата, се обидувам да го рефлектирам денешниот свет со колекциите на Givenchy . Ги ценам експериментите со одредени материјали и интензивните контрасти во облеката, што може да се постигнат и да постојат само сега. Оваа облека не е за еднократна употреба, ниту е диктаторска. Наместо тоа, ние сакаме да стане централен дел од чувството за стил на една личност, кое ќе се надоградува секоја сезона. Тоа е идеја за повеќе личен луксуз, која содржи истовремена формалност и одмор, конструкција и удобност. „Тоа претставува луксуз за луѓето што ја носат оваа облека,“ изјави Вилијамс.

Продолжувајќи да работиме со елементите за дизајн пронајдени во неговата деби колекција, понудата pre-fall 2021 е комбинација на традиционални кроеви, плетени модели и кожни парчиња. Придржувајќи се претежно на црно-белата палета на бои со повремени нијанси на црвена, розова, маслинеста и кафеава/барон боја, асортиманот вклучува елегантни одела, комплетирани со минимални предни копчиња. Металната тема е придружена со облека и додатоци, што може да се забележат на слоевитиот прстен и чантите нагласени со сребрени ланци.

Овој пат, фокусот е на обувките, понудени во форма на кломпи и Marshmallow папучи, нагласени со шила. Секој пар е создаден со употреба на нова техника TPU, фокусиран претежно на удобноста, додека малку повозвишените стилови, како што се чизмите, се прелеани во лакирана кожа.

Целата колекција можете да ја видите во галеријата.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement