Сарторијалниот стил е повторно во центарот на вниманието, бидејќи Giorgio Armani Made to Measure само што ја претстави својата кампања пролет/лето.
Италијанскиот моден бренд го ангажирал Чарлс Леклерк како лице за својата нова кампања. Возачот на трки заминал за Сен Тропе за потребите на снимањето, каде што позирал во елегантните одела пред објективот на Џон Балсом.

Зборувајќи за изборот за Леклерк Армани изјавил: „Чарлс е ѕвезда во подем. Постигна неверојатен успех, иако е млад и тоа дефинитивно е индикација за неговата воља и одлучност, како и за неговиот очигледен, вроден талент. Тој е млад и има енергија што дополнително ја акцентира мојата Made to Measure колекција. Made to Measure оделото е безвременско, а тоа го докажуваат и овие фотографии“, додал дизајнерот.

