Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Emmy Awards – Сите модни комбинации од виртуелниот црвен тепих

Познати личности позираа во гламурозни креации од својот … дом.

Еми наградите оваа година можеби беа виртуелни и немаше црвен тепих со физичко присуство, но тоа не ги спречи номинираните sвезди да носат гламурозни креации. Црвениот килим беше поставен во дворовите на нивните домови, дневни соби или дури и во хотелски соби, а креациите избрани од кандидатите беа импресивни, но главно идеални за да се истакнат на ТВ-екранот – бидејќи сите останаа дома и церемонијата се емитуваше со нив преку Интернет.

Во празната сала на Стејплс центарот, Џими Кимел ги објави победниците, а нивните картонски копии седнаа на местата на гостите. Иако номинираните за наградата беа дома и ја покажуваа облеката преку Интернет, статуетките им беа предадени лично: луѓето во специјално креирани заштитни одела им ги доставуваа на добитниците наградите дома.

Објавениот кодекс на облекување на наградата звучеше вака: „Облечете што имате, но дадете се од себе“. Сепак, онлајн форматот на наградата не ги спречи актерите да се појават во најелегантни коктел фустани. Една од најсјајните ѕвезди на церемонијата беше Зендаја, која стана најмладиот добитник на Еми награда за најдобра драма. Таа покажа два аутфита одеднаш: црно здолниште со големи бели точки и горен дел Армани Прив и виолетова тоалета од Кристофер Џон Роџерс. Гости на церемонијата беа Џенифер Анистон, Рис Витерспун, Кери Вашингтон, Реџина Кинг и други ѕвезди.

Погледнете како изгледаа ѕвездите во галеријата со фотографии.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement