Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Dior претставува продолжение на нивната колекција Chez Moi

Римскиот уметник, Пјетро Руфо, го преработил својот познат хороскопски мотив за новите стилови на познатиот бренд…

Откако воведе два удобни стилови на чевли на почетокот на овој месец, Dior ја прошири својата колекција Chez Moi. Дизајнирана од Марија Грација Кири за време на раните фази на пандемиското заклучување, новата колекција содржи избрани и елегантни парчиња за уживање дома, но со стил.

Во соработка со Пјетро Руфо, дизајните содржат познати хороскопски мотиви на овој уметник, кои се редизајнирани во форма на светска мапа што ги поврзува небото и земјата, континентите и со соѕвездијата, како и флората и фауната. Покрај тоа, Toile de Jouy, еден од познатите модни кодови на куќата, може да се видат комплети на пижами, нежни бањарки и удобни понча. Други парчиња вклучуваат Anorak со качулка направен од тафта-жакард и џемпер Mariniere направен од кашмир и свила.

Сите фотографии од кампањата можете да ги видите во галеријата под текстот, како и на видеото подолу. Конечно, мора да нагласиме дека цените на парчињата од оваа линија се движат од 390 до 3.700 долари, а тие веќе можат да се купат преку Интернет.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement