Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Couture Fashion Week ќе се одржи во физички формат

Се чини дека конечно дочекавме враќање на ревијата „во живо“!

Организаторите на Високата модна недела во Париз најавија дека планираат да ја одржат во физички формат – првпат од почетокот на пандемијата на коронавирусите. Франција постепено започна да ги укинува ограничувањата, така што постојат сите шанси властите да дозволат организирање настани со гости до јули, кога е планирана модната недела. Модната недела е закажана за периодот од 5 до 8 јули. Веста е надополнета со неодамнешното соопштение на организаторите на Париската модна недела за мажи дека нивниот настан може физички да се одржи од 22 до 27 јуни.

Да потсетиме, Неделата на висока мода за прв пат се одржа на Интернет пред две сезони, кога пандемијата штотуку започна. После тоа, дел од ревиите пролет-лето се одржаа во физички формат поради фактот што ограничувањата во Милано и Париз беа делумно укинати, но потоа сите Модни недели повторно се преселија во дигиталниот простор. Како резултат, две долгоочекувани деби на мода веќе беа одложени двапати: „Balenciaga Couture show“ и капсула колекцијата „Chitose Abe“ на Жан Пол Готје.

Во исто време, веќе е познато дека Chanel однапред испланира ревија „во живо“, а брендот Pyer Moss ја претставува својата прва колекција за висока мода.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement