Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

CHOPARD ПРЕТСТАВУВА КОЛЕКЦИЈА НА НАКИТ ВО СОРАБОТКА СО МАРАЈА КЕРИ…

Накитот отсекогаш имал „љубовна врска“ со пеперутките, но настаните во изминатите две и пол години ги потсетија скоро сите колку е звучен овој симбол среде нашата колективна трансформација предизвикана од пандемијата.

Сепак, пеперутките во најновата колекција на накит на Chopard имаат многу повеќе лично значење. Дизајниран во соработка со Мараја Кери, накитот обложен со дијаманти и оддава почит на долгогодишната поврзаност на пејачката со пеперутките.

Во 1997 година, Мараја Кери дебитираше со албумот „Butterfly“, кој ја дефинира нејзината кариера и со кој покажа дека не само што е одличен вокал, туку и една од најсестраните текстописци во современата музика. Сега за прв пат таа својата креативност ја насочи кон накитот. Таа се здружи со Каролина Шеуфеле, ко-претседател и уметнички директор на брендот Chopard, за да создаде две колекции накит: колекцијата„Chopard X Mariah Carey high jewelry collection“ i „Happy Butterfly X Mariah Carey fine jewelry collection“.

Колекцијата Chopard X Mariah Carey е составена од пар обетки, ѓердан и прстен, сите изработени од 18K бело злато, додека колекцијата Happy Butterfly X Mariah Carey е опиплив талисман на вечна убавина. Колекцијата вклучува 12 парчиња пеперутки изработени од „етичка роза и бело злато“ и на веб-страницата на брендот е опишана како „проѕирно отворено срце со танцувачки дијамант сместен меѓу два кристали од сафир“.

Нараквици, приврзоци, прстени и обетки од новите колекции на Chopard се достапни по цени од 6.330 до 23.500 долари.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement