Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

CHLOÉ X MOON BOOT: Соочете ја зимата со стил

Chloé x Moon Boot претстави ексклузивна соработка за есен/зима 2021 година која ги исполнува сите наши желби за зимски чизми.

Зимата дефинитивно пристигна… а имате ли чевли за постудено време? Chloe штотуку ја објави својата прва соработка со брендот Moon Boot под креативна насока на Gabriele Hearst за есен/зима 2021 година. За колекцијата Chloe x Moon Boot, најпознатиот бренд за чевли во зимската сезона се здружува со француската дизајнерска куќа за да ни донесе нови модели кои ги спојуваат чизмите со потпис со клучните елементи на брендот Chloe.

Колекцијата Chloé x Moon Boot ни носи модерни и кул чизми со дизајн изработени од телешка кожа и плетен материјал, притоа обезбедувајќи топлина и удобност. Овие зимски чизми се вистинскиот одговор за постудените денови кои пристигнаа.

Колекцијата со ограничена едиција содржи две богати неутрални нијанси: Luminous Ocher i Tannish Brown.

Одржливоста е централна тема на оваа колекција. Верна на нејзината постојана посветеност на поодржливи практики во модната индустрија, дизајнерката на брендот Chloe реши да ги создаде овие чизми користејќи рециклирани врвки, кожа со слабо влијание и биоразградливи материјали.

Колекцијата Chloe x Moon Boot е одржлива обувка која ќе ви ги стопли срцето и стапалата во текот на зимската сезона.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement