Познатиот и обожуван бренд Celine, ја промовираше својата колекција Plein Soleil, која е совршена за последните денови од ова лето.
Новото лице, Есој Момбо, којa е ѕвезда на кампањата, ја фотографираше креативниот директор на брендот, Hedi Sliman. Фотографирана во Сен Тропе овој јуни, француската манекенка носеше лежерни, но во исто време и елегантни комбинации. Од графички маици преку тексас парчиња, до ташни со натпис, оваа линија е насочена кон ноншалантниот изглед. Што се однесува до убавината, Есои дозволи, нејзината природна аура да нè осветли и освои.





