Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Carpisa: Пет нијанси на Пенелопе Круз

Во новата и емотивна кампања „Shades of Woman“, Carpisa реши да им посвети внимание и глас на силните женски чувства преку нивното исклучително сведоштво, преку разни силуети на Пенелопе Круз, најпознатата шпанска актерка во светот и амбасадорка на брендот Carpisa уште од 2015 година.

Пенелопе Круз, која поседува голема комуникативна моќ, е автентичен модел на женска убавина и, за сите жени, пример за елеганција што може да се постигне.

Преку фотографии и видео, создадени од објективот на познатиот шпански фотограф Хави Гордо, Carpisa нè повикува преку кампањата интензивно да ги чувствуваме и живееме сопствените емоции. Пенелопе, која е секогаш во првиот кадар, со својата харизма и експресивност ја носи секоја сцена во кулминација, толкувајќи пет верзии за себе – преку пет различни емоции: неочекувана, длабока, мистериозна, заводлива и среќна. Сите овие емоции се нагласени со ритмички промени во црно-бели и фотографии во боја, што дополнително го нагласуваат силниот емоционален интензитет.

Стајлингот го обезбеди шпанскиот стилист Гоја Толедо, додека видеото е во продукција на Twin Studio. Колекцијата чанти што ги носи Пенелопе е инспирирана од модерна жена, главната хероина на времето во кое живееме со богати и разноврсни стилови кои ќе ги задоволат секојдневните потреби на една динамична, но секогаш елегантна жена.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement