Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Брзо, нежно, сигурно или за една ноќ и КАЕЊЕ? 7 фази низ кои поминува секоја жена

Ретко кој може без секс.

Во големи или мали количини, во природата на човекот е да имаме потреба за тоа.Но, како и се во животот, и сексот има фази.Поточно, жените имаат сексуални фази низ кои минуваат и се менуваат, како и нејзините сексуални потреби.

Клучот, но не и единствениот фактор за сексуална промена е промена на животниот партнер.

Она што исто така може да влијае на личното и сексуалното задоволство е преокупацијата на животните обврски. Вашата сексуална сатисфакција зависи и од вашата сигурност. Ова се некои од фазите низ кои, повеќе или помалку, низ кои минуваат сите жени.

Адолесцентна фаза

Ако мислите за вашите тинејџерски години – не сте биле во право. Оваа фаза се однесува на страста и љубовната возвишеност, што предизвикуваат вртоглавица, но и изразено покажување на нежност во јавноста.

Некои жени влегуваат во оваа фаза дури во доцните дваесетти години од нивниот живот, односно кога ќе го сретнат “вистински маж” и потоа ја загубат својата невиност. Oна е тоа лудо заљубување, што подразбира чести сексуални односи.

Фаза на задоволство со изгледот

Без разлика дали причината е постојаното тренирање или нешто друго, жената едноставно е воодушевена од нејзиниот добар изглед. Тогаш таа сака да биде забележана од другите, па затоа ја потенцира нејзината фигура и лице со шминка и облека. Ваквиот став го менува расположението и влијае на сексуалниот живот да стане подинамичен.

Фаза на обновена страст со партнерот

Обично се јавува кога жената е со еден партнер долго време, па возбудата почнува да слабее. Сепак, се случува парот да открие нова поза, или да реализира фантазија и одеднаш, сè станува многу подобро, а страста расте.

Каење поради сексуални експерименти

Сигурно, барем еднаш, сте одлучиле да ја преминете досегашната граница и да пробате нешто сосема друго, можеби дури и малку застрашувачки. Потоа, сте се покајале.

Секако дека има добра страна и во тоа. Ќе ги препознаете границите до кои сте подготвени да одите.

Возбудата на брзиот секс

Долгата предигра и постепената возбуда понекогаш стануваат здодевни. Тогаш треба да пробате брз секс. Има добра шанса да сфатите дека тоа навистина ве возбудува и дека брзо ќе доживеете оргазам.

И, уште една работа … задоволна жена само уште повеќе ќе го стимулира партнерот.

(Намерен) целибат

Тоа не се случува заради нерешлив проблем во врската, ниту е последица на психолошка траума, а уште помалку поради верски убедувања.

Понекогаш луѓето само сакаат да се одморат од сексот.Постојат неколку причини за ова. Од скршено срце, па до невнимателен секс за една ноќ.

Оваа фаза воопшто не мора да биде лоша. Може да ви помогне да сфатите што навистина сакате, па дури и да го подобрите вашиот сексуален живот.

Безбеден секс

Ако би се воделе од филмските сцени, би добиле исклучително погрешен впечаток, како на пример, дека најголемата страст и задоволство се доживуваат исклучиво во намерно застанат лифт, на бирото за канцеларии и дека кинењето облека е неизбежно.

Во реалниот живот, сето ова се заснова главно на чувството на сигурност, релаксација и градење доверба.

Прочитај

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

Advertisement