Соработката помеѓу луксузните часовници и автомобилски брендови е се почеста и вообичаена…
Ако го земеме Ferrari како пример – во текот на изминатите 25 години, славниот бренд се здружи со четири швајцарски брендови: Girard-Perregaux, Panerai, Cabestan и Hublot. Ниту една од овие соработки, сепак, не може да се приближи до долгото партнерството помеѓу Breitling & Bentley. Соработката започна во 2002 година, кога Bentley го ангажираше Breitling да создаде часовник за контролната табла на моделот Continental GT, а историјата понатаму за овие два бренда зборува само за себе: компаниите создадоа неверојатни 40 модели заедно.
Поточно – 41. Минатата недела беше откриено новото издание на Premier Bentley Mulliner Limited Edition од брендот Breitling, заедно со дебитантниот кабриолет Bentley Continental GT Mulliner.
Дизајнот на часовникот, хронографот што доаѓаат во куќиште од 42мм дијаметар, изработен од нерѓосувачки челик, рефлектира детали што може да ги видите во овој автомобил, вклучително и сребриот бројчаник кој нè асоцира на контролата табла, црвен секундарник кој има шевови кои можеме да ги видиме во кабината на возачот, како и синиот алигаторски ремен, што е одраз на раскошниот Imperial Blue ентериер.
Како, овие акценти да не беа доволни, Breitling дополнително потенцираше одредени детали на моделот, со натписот „ Bentley“ од левата страна на куќиштето, со дополнителен испис на сафирниот задниот дел од куќиштето – MULLINER EDITION – BREITLING – ONE OF 1000.
Новиот модел го движи Breitling Manufacture Caliber 01, со резерва за енергија од околу 70 часа, па Premier Bentley Mulliner Limited Edition хронометареот е со COSC сертификат. Ограничен на само 1.000 парчиња, овој модел се продава за околу 8.600 долари.




