Модниот бренд Bottega Veneta сега ја нуди услугата „Certificate of Craft“ со која клиентите имаат право на неограничено освежување и поправка на нивните чанти.
Модниот бренд Bottega Veneta е посветен на својата визија за висококвалитетен луксуз, а од почетокот на ноември нуди доживотна гаранција за своите ултра популарни чанти. Програмата „Certificate of Craft“ вклучува услуга за нега на торби, негово неограничено освежување и поправка, а услугата е потполно бесплатна.
„Certificate of Craft се роди од желбата на нашите клиенти да им понудиме супериорна услуга за долгорочно зачувување на нивните производи. Фокусирани сме на одговорен раст. Нашата намера е да ја продолжиме употребата на производите, намалувајќи ја потребата за замена…
Нашата визија останува конзистентна со еден од нашите основачи. Тие сакаа да ја претставува највисоката и најпрефинета форма на луксуз. Ние броиме денови, а не часови за да ги направиме нашите производи. Дизајнирани се да траат вечно“, изјави директорот на брендот Лео Ронгоне.
Така, почнувајќи од ноември, секоја торба Bottega Veneta доаѓа со физичка и дигитална картичка означена со единствен сериски број поврзан со програмата „Certificate of Craft“.
