Bottega Veneta, италијански луксузен моден бренд, ја претстави својата колекција машка облека Resort 2021
Во нивната најнова линија, можеме да видиме мешавина од класични дизајни и модерни освежувања. Неколку работи особено може да се издвојат во новите креации на Даниел Ли, бидејќи стиловите прифаќаат лежерен, обемен изглед, во комбинација со ставот на крајот на 90-тите и раните 2000-ти.
Носталгичната енергија одекнува со задолжителни јакни и панталони, кои ги истакнуваат пропорциите и конструкцијата. Човекот од Bottega Veneta совладува удобен, но сепак модерен изглед, што несомнено ќе им се допадне на припадниците на помладата генерација, но и на многу постарите, кои подеднакво ги ценат удобноста и дизајнот.
Употребата на различни тонови и комбинации на материјали и дава карактер на целата колекција.










