Вест што го изненади модниот свет и неговите обожаватели: италијанскиот бренд Bottega Veneta ги избриша своите профили на Инстаграм и Твитер и ја остави својата страница на Фејсбук целосно празна. После една година во која дигиталното присуство значеше сè: купувањето преку Интернет достигна нови рекорди, а профилите на модните куќи на социјалните мрежи овозможија досега незамислива врска со клиенти и обожаватели. И додека во текот на изминатата година видовме модни ревии на Интернет, модни предизвици на ТикТок и бевме сведоци на патувања на модни дизајнери во неистражените виртуелни светови на видео игри, се чини дека Ботега Венета се придвижи во сосема друга насока.
Креативниот директор на Ботега, Даниел Ли, претходно изјави дека не го привлекуваат дигитални презентации на колекции и одржа тајна модна ревија, која беше претставена на јавноста само неколку месеци подоцна: „Се вратив и размислував за почетоците на модните ревии. Идејата за шоу во салонот изгледаше многу поинтимна и лична “.
Но, најновиот потег отиде многу подалеку од модната ревија за избрани гости, бидејќи дигиталното исчезнување во светот што се повеќе се потпира на виртуелни искуства, изгледа како храбар чин, но истовремено и незамислив луксуз. Враќањето на фокусот кон самиот дизајн, насочувањето на клиентите кон бутиците како храмови на модата и внимателен начин на живот е нов стар пристап во светот на модата. Но, без разлика дали станува збор за аналогна револуција во дигиталниот свет, внимателен маркетинг трик, пауза за ребрендирање или давање моќ на клиентите да креираат модни изјави што индиректно ќе ги вклучат на дигиталните платформи, сè уште не е познато. Она што е познато е фактот дека Ботега Венета бараше нова личност за позицијата глобален менаџер на социјални медиуми, така што немаме друг избор освен да уживаме во профилите на фанови на Ботега на Инстаграм и кул комбинации на модни експерти.
