Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Бизарен маникир кој го обожаваат многу жени: Дали на ноктите би носеле полови органи? (ФОТО)

Во последните сезони, колку повеќе сте авангарда, толку сте помодерни. Понекогаш има впечаток дека сè може да помине, без оглед колку е екстремно.

Последниот тренд со маникир ја потврдува оваа теорија, затоа што е идеално ако сакате нешто сосема лудо и откачено.

Трендот го започна маникирката Ада Бри, која сакаше да направи нешто интересно и поразлично, а во исто време да биде и слатко и „girly“, односно типично женствено.

Така се појавија вулва нокти, или нокти со вагината, и сè уште можете да ги најдете на Инстаграм (под ознаката #vaginanail), изјавила Ада за BuzzFeed.

Кој би рекол дека од еден експеримент, како што вели, ќе се појави тренд кој го обожаваат голем број жени.

Имаше и такви кои претпочитаат илустративен пристап и се одлучуваат за 2д наместо тродимензионални украси.

Од друга страна, ноктите со вулвата пронајдоа инспирација и во сликите на големи уметници кои ги избраа женските полови органи како инспирација.

Пристапот со сликарство можеби не е толку очигледен, но ги освои симпатиите на многу дами.

Имаше и такви кои сакаа да поддржат одредени активности со таков маникир, како што е подигнување на свеста за рак на репродуктивните органи.

Некои само сакаа нешто поразлично и шокантно.

Ништо не оди заедно подобро како вагини и sequins, така?

На крајот на краиштата, која и да е причината за маникир како ова, ако сакате вакво нешто, само напред.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement