Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Birkenstock и Manolo Blahnik создадоа влечки кои ќе ги обожаваат трендсетерките

Никогаш порано немало повеќе верување во моќта на модните соработки.

Од големите модни куќи кои се здружуваат и презентираат колекции, до навидум естетски спротивни брендови кои објавуваат капсулни колекции, повеќе дизајнери од кога било ги гледаат придобивките од тимската работа.

А, во последната од овие неочекувани соработки, еден од најгламурозните брендови за обувки во светот, Manolo Blahnik, ги здружува силите со еден од „најудобните“ во светот, брендот Birkenstock.

Двата легендарни брендови се здружија за да создадат уникатна колекција на влечки, која ги комбинира изработката со функцијата, гламурот и практичноста. Бланик го стави својот потпис на некои од стиловите на брендот Birkenstock, додавајќи кадифени и кристални влечки од Аризона и бостонски сабо.

Иако овие брендови изгледаат како два посебни света, тие го прават совршениот пар на многу начини.

„Квалитетот и безвременоста се нешто што е присутно и кај двата бренда“, рече Бланик. „Нашата естетика може да изгледа поинаку, но во основа ги имаме истите вредности – одличната спојност, изработка и удобност се најважни во нашиот дизајн и производство на чевли.

Кога станува збор за дизајнот на колекцијата, Бланик изјави дека сака да создаде сестрани обувки кои ќе им одговараат на фановите на Биркенсток, но и на сопругата на Маноло.

„Сакав да направам нешто што може да се носи лежерно, но и нешто што мислам дека би изгледало фантастично со балска тоалета, еден вид „дотерана“ верзија на Birkenstock. Секој пар е направен во фабрика на брендот Birkenstock, која има некои од најдобрите занаетчии.

Новите влечки се всушност инспирирани од легендарните салонки во кралско сини бои на Маноло Бланик, кои Крис Норт (познат како Ѕверка) и ги предложи на Кери Брешо. Хмм… секако тие се сон на секоја трендсетерка.

Во новата колекција ќе најдеме плишани влечки во сина боја со кристални копчиња од скапоцените камења Хангиси, плишани модели во обичка и класична црна кожа.

Колекцијата Birksenstock X Manolo Blahnik ќе биде претставена на 24 март 2022 година на Manoloblahnik.com.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom