Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

BARBOR – совршена колекција есен/зима

Barbour ги разбранува брановите на модната индустрија со започнување на нова кампања на својата премиум понуда, Gold Standard…

Иконскиот бренд го ангажираше Сем Клафлин како заштитно лице на колекцијата есен/зима 2020 година. Славниот актер, кој се истакна во серијата Peaky Blinders, ни претстави парчиња од Gold Standard за време на живописната авантура во Шкотска, татковината на славната марка. Клафлин го посетил Гленкоj, каде уживал во неверојатната природа и носел јакни и палта што содржат сè – од восочен памук, до ватиран материјал.

„Многу сум возбуден што работам со брендот Barbour. Тоа е модна куќа на која долго време и сѐ воодушевував, а колекцијата Gold Standard е едноставно неверојатна. Имав среќа што бев заштитен од топлината на нивните модели за време на нашето снимање во Шкотска“, изјави актерот.

Во меѓувреме, глобалниот директор за маркетинг на Barbour, Пол Вилкинсон, исто така го сподели своето мислење за ова партнерство: „Ние сме воодушевени што добивме можност да работиме со Сем. Тој израснал во Велика Британија, а јакните од Barbour отсекогаш биле дел од неговиот животен стил. Нашиот нов под-бренд, Gold Standard, е највозвишен од сите наши колекции, па затоа нуди асортиман на осмислени дизајнирани јакни, славејќи иконски парчиња од нашите архиви. Сем е совршен избор за заштитно лице на оваа премиум луксузна колекција“.

Кога станува збор за опсегот за есен/зима на Gold Standard, Клафлин лесно го избра своето омилено парче: „Омилена јакна од колекцијата е Supa Beaufort. Се базира на Beaufort, еден од иконите стилови од 80-тите, дизајнирани од Маргарет Барбур. Supa Beaufort ја има целата историја и традиција на првото парче, задржувајќи ги класичните елементи, како што се џебовите, крагна и двонасочниот патент, но е помодерна. И навистина е топла и пријатна“.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement