Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Balenciaga: Ренесанса на висока мода

(210708) -- PARIS, July 8, 2021 (Xinhua) -- A model presents a creation by Balenciaga as part of its Fall-Winter 2021/2022 Haute Couture collections during Paris fashion week in Paris, France, on July 7, 2021.,Image: 620311168, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Piero Biasion / Xinhua News / Profimedia

Како дел од наследството што ни го остави мајстор силуетата Кристобал Баленсијага, толкувајќи ги иконските креации од 50-тите години, Демна Гвасалија, уметнички директор и современ моден визионер, го претстави ренесансното враќање на кралската елеганција што ја редефинира ерата на високата мода.

Со повлекувањето од социјалните мрежи, на сите ни беше јасно дека се подготвува целосен пресврт во визуелниот израз на познатата модна куќа.

Гвасалија, на препознатлив, авангарден начин, половина век подоцна, откако Кристобал Баленсијага, основачот на легендарната модна куќа, ги затвори вратите на своето студио во 1968 година, отвори ново поглавје. На импозантен начин, тој маестрално манипулира со нов/стар простор и обемни конструкции што ве оставаат без здив.

„Високата мода е основа на оваа куќа, затоа моја креативна и визионерска должност е да ја вратам високата мода во оваа куќа. За мене високата мода е неистражена моќ на креативно изразување и креативна слобода, како и платформа за иновации можности за правење облека, но истовремено носи и модерна визија и ја враќа модната куќа во своите првични почетоци, од каде сè започна“, вели Демна Гвасалија

Препознатлива форма во ново руво, високо-технолошки материјали и необични модни додатоци во форма на брошеви, капи, прстени и обетки донесоа една сосема нова, модерна димензија, што појаснува дека чувството за мода на Гвасал е непогрешлив.

Без музика и специјални ефекти, на авангардни модели, имавме привилегија да видиме уникатна облека, направена по мерка, што носталгично нè враќа во времето кога занаетите и рачно изработените облеки беа најубавиот израз на применетата уметност.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement