Амбасадорите на Balenciaga позираа во празен канцелариски простор со поглед на Менхетен, опкружени со компјутери и купишта хартија, облечени во парчиња кои совршено го отсликуваат карактерот на двата бренда.
Adidas и Balenciaga за прв пат ги здружија силите во мај оваа година, а својата заедничка колекција ја покажаа на модната писта на Њујоршката берза. Соработката беше огромен успех, а денес моќните брендови ја претставија својата втора соработка.
Парчиња од колекцијата се достапни за купување преку апликацијата Confirmed и во неколку продавници, а главната улога во кампањата ја презеде манекенката Бела Хадид.
Така, колекцијата вклучува предимензионални спортски парчиња со класични пруги на Adidas и логото Trefoil, во кое е вграден зборот „Balenciaga“. Тренерките се трансформираа во „pantashoes“, т.е. комбинација од панталони и чизми со високи потпетици, и пруги ја украсија новата верзија на популарната чанта „песочен часовник“ на Balenciaga.
Во колекцијата се наоѓаат маички со заедничкото лого, шорцеви и капи, а еден од поинтересните детали е накитот со логото на Аdidas, прстените и обетките. Секако, палетата ја вклучува и долгоочекуваната линија на обувки, која вклучува носени верзии на патиките Stan Smith и Triple-S.
Дел од соработката беше претставенa минатиот месец од Емили Ратајковски, Доја Кат и Алтон Мејсон на ревијата на Balenciaga на модната недела во Париз, кога тие беа облечени во парчиња од новооткриенaта соработка.
