Дали некогаш сте имале пар патики што толку многу ги сакавте, што посакувате да траат вечно?
Ако климате со главата потврдно, знајте дека брендот Balenciaga ве престигна во таа мисија. Нивната последна категорија наречена Objects, произведена надвор од нивните традиционални модни колекции. Овој бренд ќе им даде можност на љубителите да се радуваат, особено за патиките Track.2, каде можат да го купат моделот во форма на скулптура, што секако е во ограничено издание.
Металната скулптура е обликувана во форма на познати патики со големина 41, и е одличен начин да овековечите нешто што едноставно обожавате. За жал, ова парче е создадено како украсно парче, така што не може да се носи. Веќе сега, ова парче стана исклучително барано меѓу колекционерите и љубителите на брендот.
Ограничена на само 16 парчиња, оваа скулптура ќе ве чини 5.750 американски долари.



