Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Back to black: шик предлози за носење црно во текот на пролетта

Создадете уникатни контрасти со нашите совети за стил.

Иако пролетта е резервирана за цветни принтови и пастелни бои, безвременската и класична црна боја има секогаш место во гардеробата на секоја жена.

Бидејќи сонцето станува сè посилно и посветло, црните парчиња ќе продолжат да додаваат шик чувство на нашиот изглед, затоа треба да ги најдеме најмодерните начини да ги вклопиме во нашиот стил.

Тексас панталони

Сините фармерки можат да бидат едно од најпрактичните парчиња во нашата гардероба, кое може да се носи во многу прилики, но факт е дека црните модели изгледаат поформално. Одлично се комбинираат со бела кошула, блејзер и мокасини, како и со маица и патики за повесел изглед.

Фустан

Доколку се прашувате кое парче треба да го има секоја жена во својата колекција, без оглед на стилот, со апсолутна сигурност ви кажуваме дека се работи за црн фустан. Малиот црн фустан е задолжителен многу децении и истовремено еден од омилените дизајни на познати модни дизајнери. Постојат многу начини да се носи црн фустан оваа пролет. Оваа сезона, имате можност да изберете широки модели со силни детали, како што се puff ракавите. Од друга страна, не заборавајте ги slip фустаните што може да ги комбинирате со модерни блејзери и јакни.

Браон + црна

Долги години, комбинацијата на црна и кафеава боја беше „забранета“. Но, sвездите во уличен стил беа многу имагинативни и имаа поинаков поглед на оваа необична комбинација. Ова сега е еден од најголемите трендови што сите сакаме да ги испробаме – ако веќе не сте го направиле тоа. За почетници, можете да користите “помирни” комбинации, избирајќи светли нијанси на кафеава боја.

Широки панталони

Дали сакате да го обновите вашиот стил и да импресионирате со само еден удар? Имаме решение за вас. Широките „тата“ панталони се клучна точка за да се постигне посакуваниот резултат. Не треба да правите ништо повеќе од додавање блуза или елегантна кошула. Обложете се на црната верзија.

Различни и смели тонови

Досега сфативме дека оваа пролет е целосно посветена на светли бои. За сите вас кои сакате да ги следите трендовите, но од друга страна не се чувствувате подготвени да оставите црна боја, предлагаме комбинирање на светли бои со црна боја. За да постигнете ефективен изглед, комбинирајте црни парчиња со розови или други светли флуоресцентни нијанси и создадете модерни пролетни стајлинзи.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement