Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Alexander McQueen: Уникатна убавина

Ако требаше да избереме една колекција од сезоната пролет-лето 2020 што не воодушеви, тоа е дефинитивно Alexander McQueen! Креативната директорка на куќата, Сара Бартон, претстави модна симфонија проткаена со детали кои зборуваат за богатото наследство на куќата, модни форми по кои е препознатлив овој бренд, но и суптилни пораки за темпото со кое се движи модната индустрија. Со оваа колекција, Бартон сакаше да предупреди дека како колектив треба да забавиме, да застанеме и да уживаме во она што го имаме. Така, целиот нејзин тим учествуваше во креирањето на колекцијата со цел сите да дадат придонес кон нејзината реализација на одреден начин, а материјалите користени при креирањето се остатоци од претходните проекти. Одржливиот развој мора да стои рамо до рамо со луксузната мода.

Цветниот мотив што се појави како спомен – основачот на куќата e голем љубител на природата, како и сегашниот креативен директор кој го продолжи своето наследство. Мотивите на цвеќето што се појавија во колекцијата се видови на кои за жал им се заканува истребување како резултат на сè драматичните климатски промени. Креативниот тим бил испратен во оранжериите каде детално ја нацртаа загрозената флора чии форми беа рачно извезени на фустани од муслин и костуми. Нацртаните панели биле внимателно пренесени на материјалот, со цел точно да се наведе каде ќе падне секој цвет на парчето облека. Со своите експресивни бои, Endangered Flowers и дадоа на колекцијата комплетно нова димензија, дефинирана со сурова убавина, но и со значајна порака.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement