Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Аксесоар кој е задолжителен – Burberry лансира заштитни маски

По се изгледа, маските ќе станат наш неопходен додаток секој пат кога ќе ги напуштиме домовите.

Иднината што можеме да ја предвидиме засега, неизбежно содржи маски, и од таа причина, многу љубители на модата одлучуваат да инвестираат во стилизирани парчиња. Дефинитивно, тоа ќе ве заштити и ќе направи да изгледате навистина одлично. Бидејќи маските покриваат повеќе од половина од нашите лица, можеби не е сосема апсурдна идејата да бидат брендирани.

Познатиот британски бренд Burberry, реши да ја лансира првата колекција на своите дизајнерски маски, во вистинско време. Тие се креирани со Nova Chec дизајн , со две различни комбинации на бои – окер и светло сина боја. Маските добија интересен, vintage дезен и се произведени од рециклирани памучни влакна, обезбедуваат ефикасност во филтрирањето на честички (PFE) и дополнително се унапредени со антимикробна технологија. Внимание им се посветува и на нивните детали, па тие доаѓаат со торбички за носење изработени од истите материјали.

Маските од Burberry ќе ве чинат околу 118 долари, што, ќе се согласите, е доста висока цена. Сепак, заработката што брендот ќе ја генерира преку нивната продажба ќе оди во добротворни цели, односно во нивниот фонд Burberry Foundation Covid-19 Community Fund. Овој фонд донира заштитна опрема во болниците и веќе има дадено неколку донации за истражување на вакцини, хуманитарни организации и компании кои произведуваат и дистрибуираат заштитна опрема. Тие веќе можат да се купат преку страницата на овој познат бренд.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement