Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

About Love – Бијонсе и Џеј Зи во новата кампања на Tiffany & Co.

Пејачката (39) го пресликува познатиот лик на Одри, Холи Голајтли, во романтичната комедија од шеесеттите ,„Појадок кај Тифани“, облечена во црн фустан додека позира заедно со својот сопруг.

По Роуз од К-поп бендот „Блекпинк“ и Ања Тејлор-Џој од Нетфликсовиот хит „Дамски гамбит“, хип-хоп могулот Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи, се најновите амбасадори на „Тифани и Ко“ (Tiffany & Co), а во понеделникот компанијата за луксузен накит објави фотографии од новата кампања на брендот.

Двајцата музичари се појавуваат во претстојната кампања на култната златарница која стартува во октомври 2021 година.

На две фотографии кои Tiffany & Co ги објави во понеделникот дуото позира пред досега невидена слика на починатиот уметник од Њујорк, Жан Мишел Баскија.

„Тифани“ сега е во сопственост на францускиот конгломерат LVMH, најголемиот светски производител на луксузни производи. Аквизицијата се финализира по цена од неверојатни 15,8 милијарди долари. Францускиот магнат Бернард Арно е претседател и извршен директор на LVMH.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement