Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

6 модели на јакни кои ќе владеат оваа зимска сезона

Ви ги пренесуваме најголемите трендови од модните писти за сезоната есен/зима 2021.

Како што се приближуваат посвежите и постудени денови, веќе размислуваме за зимски јакни. Без разлика дали сте за потрадиционален стил, секогаш посегнувате по палта, или знаете како да претставите и изберете храбар изглед – на сите им е потребна солидна колекција „зачинета“ од јакни и палта во гардероберот.

За да го направите вашето совршено деби на улица кога ќе дојде време за ова парче облека, ви ги носиме најголемите трендови токму од модните писти кога станува збор за зимските јакни, кои сигурно ќе бидете среќни да ги прифатите.

Кожени палта
Кожните јакни совршено им прилегаат на сите – неспоредливи. Брендот Bottega Veneta отиде подалеку во својата колекција есен/зима 2021, и нè запозна со кожени палта кои се апсолутно задолжителни оваа сезона.

Јакни со дезени
Michael Kors направи совршен пресврт од традиционалните и додаде модели на неговата зимска колекција.

Блејзери со големи димензии
Обожавана работа во светот на модата – обемниот блејзер дефинитивно е едно од најпосакуваните парчиња облека и оваа сезона, а брендот Bassike го прикажува во бела боја.

Крзнени палта
Вештачкото крзно е совршено за есен и почеток на постудено време. Парчиња како Saint Laurent не се само одржливи, туку и ќе му дадат дрскост на вашиот стил (што можеби сте го пропуштиле).

Тренч Палто
Тренч мантилите се секогаш „IN“, и тоа не се менува ниту оваа есенска сезона. Без разлика дали ќе изберете класичен камил или смела црна боја како ова парче облека на Burberry, во тренч палто секогаш ќе бидете шик.

Пердувеста јакна

Пуф јакните се вратија на голема врата оваа зима. Michael Kors ни покажува како ова спортско парче облека се претвора во нешто елегантно.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement